Skip to main content

Аларм: Северна Кореја лансираше балистичка ракета

Северна Кореја денес испали неидентификувана ракета кон Јапонското Море, објави јужнокорејската војска.

Генералштабот на Јужна Кореја објави дека го регистрирал лансирањето, без да даде дополнителни детали, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Последното лансирање се случи околу една недела откако Пјонгјанг испали балистичка ракета со краток дострел во правец исток на 12 август.

Лансирањето на ракетата доаѓа во време кога Јужна Кореја и САД спроведуваат заеднички воени вежби оваа недела, чие времетраење и обем се намалени по наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на вежбите.

Јужнокорејските медиуми, исто така, објавија, повикувајќи се на војската на земјата, дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил во морето источно од Корејскиот Полуостров.

Јужнокорејската војска пред една недела соопшти дека детектирала лансирање балистичка ракета од областа на градот Вонсан на источниот брег на Северна Кореја.

Ракетата прелетала повеќе од 700 километри, а Здружениот штаб на јужнокорејската армија соопшти дека анализата на нејзините карактеристики сè уште е во тек.

Поврзани вести