Skip to main content

Администрацијата на Трамп е подговена да го укине финансирањето на меѓународните судови, објавува „Њузмакс Балканс“

Фејсбук профил на Доналд Трамп

Според објавата на „Њузмакс Балканс“, администрацијата на Трамп наводно планира радикални промени во политиката на САД кон меѓународните судови и би можела да го укине нивното финансирање — со посебен акцент на влијанието што тоа би го имало врз процесите на Балканот.

Според информациите до кои дојде Newsmax Balkans од доверливи извори блиски до администрацијата на Трамп, во Вашингтон веќе започнал процесот на подготовка за една од најострите промени во американската надворешна и правосудна политика — целосно или драстично намалување на финансирањето на меѓународните правосудни институции.

Изворите на „Њузмакс Балканс“ истакнуваат дека САД во изминатите децении вложиле „повеќе од 100 милијарди долари“ во меѓународни судови, специјализирани совети и различни правосудни фондови ширум светот.

Новата администрација смета дека тој модел е „застарен“, политички компромитиран и финансиски неодржлив, особено бидејќи, како што тврдат, многу од тие институции биле користени за надворешнополитички цели на претходните администрации.

Според наводите на високи функционери, на врвот на новата администрација постои јасен став: Америка е на прво место и „не треба да се меша во внатрешните проблеми на други држави“, особено кога тој ангажман ги чини американските даночни обврзници.

Како што наведува изворот на „Њузмакс Балакнс“ финансирањето на меѓународните судови би можело целосно да биде прекинато, при што средствата би се пренасочиле кон внатрешните приоритети на САД.

На удар, според тие информации, би се нашле и институциите кои со децении имаа клучна улога на просторот на Балканот — специјализираните совети на Косово, меѓународните правосудни проекти во регионот и поширокиот систем на поддршка на правосудството, кој во голема мера зависеше од американски средства.

Соговорникот на „Њузмакс Балканс“ истакнува дека „времето на финансирање на политичките проекти на претходната администрација е поминато“, и дека новата администрација на Доналд Трамп ќе се обиде да ја врати целосната контрола врз правосудните и надворешнополитичките механизми.

Блинкен и стариот естаблишмент – механизам на надворешнополитички притисок

Извор на „Њузмакс Балканс“ наведува дека во Вашингтон сè погласно се зборува за улогата на поранешниот државен секретар Ентони Блинкен и широкиот надворешнополитички апарат кој, како што се тврди, со години создал систем на политички притисок преку санкции, меѓународни правосудни процеси и мрежа на влијание.

Според тие информации, Блинкен воведувал санкции на регионални лидери „кои не биле подготвени да ги следат американските интереси“, со што директно ги обликувал политичките текови надвор од границите на САД. Правните и судските институции, вклучително и специјализираните совети, биле составен дел од тој апарат.

Изворите на „Њузмакс Балакнс“ истакнуваат дека претходната администрација, предводена од Блинкен и клучни фигури од надворешнополитичкиот круг на Бајден, со години градела комплексен апарат на политичко влијание на Балканот. Тие механизми, според нивните зборови, често биле обликувани од лични интереси, а не од објективни американски национални приоритети, што, како што тврдат, оставило сериозен институционален неред.

Целиот текст тука

    Поврзани вести