
Русија и предала на Украина тела на илјада загинати украински војници, а од украинска страна примила тела на 31 загинат руски војник.
Денеска е спроведена репатрација. Илјада тела на загинати украински војници се вратени во Украина, соопшти украинската Агенција за воени заробеници.
Властите во Киев во средината на септември соопштија дека презела 1.000 тела на загинати војници, а тоа се случи и во јули и во август.
Од почетокот на месецот Русија и Украина разменија и по 185 воени заробеници.
Размената на телата на загинатите војници и воени заробеници се единствените резултати од преговорите помеѓу Киев и Москва по повеќе од 3,5 години од почетокот на војната во Украина.

Македонски








