Skip to main content

За пензионерите од Бутел со минимална пензија еднократна помош од 2.000 денари

Од утре па до 24 февруари пензионерите од општина Бутел кој припаѓаат во најранливата категорија со минимални пензии же можат да аплицираат за еднократна финанискса помош во износ од 2.000 денари.

Потребната документација предвидена со јавниот повик може да се достави секој работен ден во просториите на Општина Бутел, од 9 до 15 часот.

Право на финансиска поддршка можат да остварат граѓани кои имаат постојано живеалиште на територија на оваа Општина кои се приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија чијшто износ не е повисок од 22.547 денари.

Исплатата на еднократната помош ќе се реализира на принцип “прв дојден – прв услужен”.

Поврзани вести