Skip to main content

Водата во Скопје е безбедна за пиење

pixabay

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажале најновите извештаи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што соопштија од претпријатието, денеска од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, земени се 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои еден примерок од бунарскиот потег Нерези.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – се додава во соопштението. 

Поврзани вести