Skip to main content

Во 13 часот на Партизанска кај „Силбо“ – протест за трагичната смрт на Фросина

Граѓани најавија дека утре излегуваат на протест по трагичната несреќа во која загина младата Фросина Кулакова, млад дизајнер од Неготино. Тие бараат надлежните да отворат очи. Истовремено, лути се на судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога.

„Утре, освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!! А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!!“, стои во најавата.

Причина за протестот е револтираноста на граѓаните, бидејќи „убиецот“, како што го нарекуваат В.Ј место во притвор и затвор скопскиот Кривичен суд му доделил „казна“ во поправен дом во Тетово. Место на протестот, според објавите е местото каде беше прегазена Фросина и пред Министерство за правда.