Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ ПРАШУВА

Стевче, каде е поздемниот паркинг во Лептокарија и катната гаража на „Орце Николов?

Кандидатот на СДС, Заев и Филипче – Стевчо Јакимовски, кога виде дека нема аргументи, кога гледа дека карпошани гледаат дека не направил ништо од тоа што го ветил, почна да го фаќа паника.А кога Стевчо, осудениот криминалец, кандидат на СДС, Заев и Филипче го фаќа паника, тој почнува со својот уличен речник и се впушти во калта која му е природна средина, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Стевчо кој неуморно се бори за интересите на Пуцко Петрол и градежната мафија, кој очигледно се гледа себеси дебело во тие зделки е нервозен затоа што нема да биде градоначалник, а со тоа и нема да ги доврши зделките кои ги почнал.

За Стевчо има многу што да се каже, а за тоа знае секој градежник во Скопје. Но Стевчо пред сè треба да каже јасно зошто лажеше 2021 година.

Стевчо кандидатот на СДС, Заев и Филипче да каже:

1.Каде е подземниот паркинг во Лептокарија, фонтаната најубава во Македонија и новите фасади за зградите, сè на сè проект од 4 милиони евра?

Facebook/Stevco Jakimovski

2.Каде е катната гаража на Орце Николов, и зошто не е решен проблемот со паркирањето таму?

Џабе паниката Стевчо, сите знаат дека си кандидат на СДС, Заев и Филипче, во надеж дека преку тебе ќе тераат градежни бизниси со Пуцко петрол нивниот коалиционен партнер од ДУИ.

Поврзани вести