
Сите градоначалници на скопските општини без разлика на партиска, верска или било каква друга припадност заеднички заклучивме дека Скопјани се заложници на неспособноста на менаџментот на Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена!, пишува на Фејсбук градоначалникот на гази Баба Бобан Стефковски.
Скопје е загушено во смет, но наместо превземање акција, гледаме театар!!
За ваквата состојба граѓаните бараат одговорност, нивното барање е и мое барање! Потребна е одговорност со име и презиме!
Апелирам до ЈП Комунална хигиена, ВЕДНАШ да превземе активности за собирање на комуналниот смет од улиците.
Општина Гази Баба преку ЈКП Гази Баба изминатите месеци самостојно го собираше комуналниот смет од улиците и го депонираше на Дрисла, иако граѓаните плаќаат такса на ЈП Комунална хигиена!, пишува Стефковски во својата објава.

Македонски








