Skip to main content

Скопје се буди бавно – само 8% излезност до 11 часот

Карпош и Кисела Вода први на листата, Сарај и Чаир на последните места. Излезноста се очекува да порасне во попладневните часови.

Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), излезноста во скопските општини до 11:00 часот останува под државниот просек и изнесува околу 8%.

Највисока излезност досега е забележана во Карпош (11.9%), по што следат Кисела Вода (10.25%), Центар (10.24%) и Аеродром (9.36%).

Средна излезност бележат Ѓорче Петров (8.03%), Гази Баба (7.62%) и Бутел (7.34%), додека најниска излезност има во Чаир (2.67%) и Сарај (1.86%).

Во споредба со податоците од 09:00 часот, активноста на гласачите е зголемена, но темпото во главниот град останува поспоро од она во источните и југоисточните општини, кои традиционално бележат највисока излезност во првиот дел од изборниот ден.

Очекувањата се дека излезноста во Скопје ќе се зголеми во попладневните часови, кога поголем дел од гласачите завршуваат со обврските и се очекува поголема мобилизација во урбаните средини.

Поврзани вести