
Кандидатката за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, во својата програма вети изградба на 15 нови паркови за 15 месеци и засадување на 10.000 дрвја во првата година.
Таа истакна дека зелените површини се клучни за квалитетот на животот на граѓаните и дека градот ќе добие стратегија за нивна заштита и проширување.
Тргнувајќи од потреба за стратегија за заштита и проширување на своите зелени простори, Шукова поголеми зелени површини и билошка разновидност во градот со план во три фази:
На краток рок програмата на Шукова најавува заштита на постојните паркови и зелени површини од дополнителна урбанизација. Во оваа фаза е предвидено засадување на 10.000 нови дрвја низ градот рехабилитација на запуштените градини и паркови.
Спроведување на институционални и технички реформи на ЈП „Паркови и зеленило“ и повторно сопствено производство на цвеќиња и садници во ова јавно претпријатие.
На среден рок во програмата на Шукова е предвидено создавање нови паркови во густо населените области коишто моментално немаат доволно зелени површини, како и развој на зелен појас околу градот што ќе ги ограничи урбаното ширење и загадувањето.
Во третата фаза, на подолг рок предводено е поврзување на сите паркови и зелени површини во една мрежа на „еколошки коридори“.
Во оваа фаза се планира заштита на биолошката разновидност во и околу градот преку специјални програми за заштита на домашните видови и создавање урбани градини и земјоделски површини во соработка со локалните заедници.