Skip to main content

Шукова: Ќе формираме нова служба во Градот само за собирање кабаст отпад

Во својата денешна изјава, кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, објави формирање на нова специјализирана служба за собирање кабаст отпад.

„Овој отпад денови стои расфрлан покрај контејнерите и никој не го собира. Тоа ќе престане. Ќе има посебна градска служба, која секојдневно ќе го собира кабастиот отпад низ сите населби“, истакна Шукова.

Таа додаде дека ова не е дел од празна предизборна реторика, туку реален, конкретен и остварлив план за долгорочно решение за чисто Скопје.

„Скопје е нашиот дом. И конечно, ќе почне да личи на тоа“, порача Шукова.

Поврзани вести