
Општина Карпош започна со пролетна акција за реконструкција и реновирање на детските игралишта кои се на територија на локалната самоуправа, реконструкција и промена на оштетените клупи и корпи за ситен отпад, како и останатата урбана опрема која се наоѓа на територијата која е во надлежност на општината.
Според предвидената динамика, сите детски игралишта и останата урбана опрема, во најскоро време ќе добијат нов сјај и подобар изглед и ќе бидат безбедно место за игра на најмалите жители, како и место за релаксација на сите карпошани.
Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, секојдневно е на терен и ја следи работата на екипите кои работат на реконструкција и реновирање низ локалната самоуправа.
Посветената и одговорна работа на општинското раководство и општинските служби продолжува во насока на обезбедување на сигурен, безбеден и достоинствен живот на сите наши граѓани.

Македонски


