Skip to main content

Николоски: Со нови проекти до поубаво Ѓорче

Facebook/Aleksandar Nikoloski

Со 14 милиони денари целосно ја реконструираме улицата која води до црквата Св. Архангел Гаврил во населеното место Ново Село во општина Ѓорче Петров, објави на Фејсбук, потпретседател на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
👉 Еден од многуте проекти во Ѓорче Петров кои со поддршка на Владата и во соработка со градоначалникот Александар Стојковски ги реализираме за подобро, поубаво и развојно Ѓорче.
📌 Се асфалтира и улица 7 во Волково. Нешто што жителите на ова место долго го очекуваа
Со реизборот за градоначалник на Александар Стојкоски, продолжуваме со нови проекти, нови мерки за подобри услови за живеење во општината, напиша Николоски.

Поврзани вести