Skip to main content

Меџити: Општините Чаир и Вакарици се движат кон збратимување

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во просториите на oпштината прими делегација на Арберешите од Вакарици, предводена од градоначалникот Антонио Помило, во рамки на нивната прва посета на земјава.

На средбата се разговараше за историските, јазичните и културните врски со Арберешите, како и за можностите овие врски да се унапредат преку институционална соработка. Во таа насока, беше разгледана можноста за збратимување на Чаир и Вакарици, како и за организирање заеднички културни активности и иницијативи меѓу двете општини.

Со Арберешите нè поврзуваат долга историја, јазикот и наследството што тие го зачувале низ генерациите. Денес сакаме на овие врски да им дадеме и нова димензија преку соработката меѓу нашите општини. Верувам дека оваа посета е добар почеток кон збратимување и соработка која ќе продолжи со конкретни иницијативи и заеднички проекти меѓу Чаир и Вакарици – изјави Меџити.

Поврзани вести