Skip to main content

Костовски: Усвоен рекорден буџет од 848 милиони денари, Левица, ДУИ и ВЛЕН против развојот на општина Бутел

На седницата на Советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала општина Бутел, информира градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните.

За жал советниците од ДУИ, ВЛЕН и ЛЕВИЦА не го поддржа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, нова поликлиника, не поддржаа нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел.

20 години без никаков интерес за граѓаните на општина Бутел!, вели Костовски.

63% од овој Буџет за капитални проекти!

Костовски вели дека со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.

Во буџетор се издвоени финансии за реализација на:

– Нова поликлиника

– Доизградба на водоводот за Љубанци и Љуботен

– Детска градинка во населеното место Бутел 2

– Изградба на пливачки базен во ООУ “Ацо Шопов”

– Нови мостови на река Серава

– Уредување и чистење на речното корито на Река Серава

– Финансиска помош за новороденчиња

– Реконструкција на клучните сообраќајници во општина Бутел

– Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици

– Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација

– Изградба на нови спортско рекреативни центри

– Нови детски игралишта

– Нови спортски игралишта

– Нов пешачки и пристапни патеки

– Поддршка на спортски клубови

– Спортски стипендии

– Парична помош за пензионерите

– Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства

– Финансии за културни и спортски настани

Како и изминатите години така и во овој буџет предвидени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.

Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби!

2026 година ќе биде година на развој, на многу нови значајни проекти во сите населени места!

Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел!“, вели Костовски.

Поврзани вести