
Легендарната скопска сендвичарница „7-ца“ во Центар ќе оди во заборав. Од 1 септември работи со скратено работно време, преку недела до 17 часот, а во сабота до 19 часот.
Причината за тоа е што објектот ќе се руши поради изградба на нова зграда. Известувањето е објавено и на нивната веб страница.

Исто така, и локалот „Глуво Куче“ се сели на нова локација. На старото место исто така ќе се гради зграда, па „Глуво Куче“ сега се сели во близина Градежниот факултет во Дебар Маало.