Skip to main content

Јавна дискусија за урбаниот опфат на ГУП Скопје за Општина Центар

Јавна дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Центар ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот од 10 до 13 часот.

Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk, информираат од Град Скопје.

Од Градот ги повикуваат сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.

Град Скопје, во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година, организира јавни дискусии со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. 

Поврзани вести