Skip to main content

Граѓаните на Шуто Оризари се жалат дека немаат превоз- градоначалникот побара од надлежните сериозно да ја сфатат ситуацијата

Општина со нешто над 27 илјади жители и одалечена 3 ипол километри од центарот на градот – но отсечена со јавен превоз. Секојдневно автобуските постројки се полни со граѓани кои чекаат автобус, но залудно. Дел од нив со часови и на минусни температури во надеж дека ќе пристигне некоја од линиите 19 и 20, други пат алтернатива бараат во дивите таксисти или со приватни возила се организираат за да стигнат до своите дестинации.

Жителите на оваа скопска општина гневни, раскажуваат пред камерата на Телма.

Граѓаните на Шуто Оризари се жртви на градот Скопје, повторно нема јавен превоз и бараме од надлежните сериозно да ја сфатат ситуацијата и веднаш да го решат проблемот, алармира градоначалникот Курто Дудуш.

Општината Шуто Оризари ја опслужуваат линиите 19 и 20 кои најголем дел ги возат приватните превозници. Тие пак велат дека ЈСП има долг кон нив уште од месец јуни, па поради тоа возачите немаат пари да стават нафта во автобусите и со тоа е намален возниот ред на 50%. За Телма велат дека деновиве очекуваат да има исплата на заостанатиот долг а со тоа и да се регулира превозот.

Поврзани вести