Skip to main content

Горан Герасимовски во водство во Центар

Кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Горан Герасимовски, е во водство во трката за градоначалник на Општина Центар, со освоени 51,31% од гласовите, односно 4.103 гласачи.

Неговиот противкандидат Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија има поддршка од 39,93%, или 3.193 гласа.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), обработени се 34 од вкупно 78 избирачки места, што претставува 43,59% од гласачките места во општината.


Досега гласале 16.744 граѓани, што е излезност од 37,96%.

На изборната карта, црвената боја ја означува предноста на СДСМ, а сината го прикажува резултатот на Движењето ЗНАМ.

Поврзани вести