Skip to main content

Гласањето е продолжено до 20.40 минути во избирачкото место 2603 во општина Карпош

Гласањето е продолжено до 20.40 минути во избирачкото место 2603 во општина Карпош, поради тоа што откажал уредот за читање на личните карти. Таму гласачите се идентификуваат со УВ ламба и спреј.

Имало проблем со заглавена смарт картичка, уредот не можел да се замени – рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко, вечерва на прес конференција.

Продолжување на гласањето во други избирачки места низ државата нема.

Поврзани вести