Skip to main content

Димитриевски: Неопходно е да поставиме основи за добро управување со отпадот, за да станеме вистинска европска земја

Носителот на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ за град Скопје Даме Димитриевски, гостуваше во поткастот „Радар“.

Димитриевски дискутираше за решавањето на проблемите со депониите, при што истакна дека како држава треба да поставиме основи за добро управување со отпадот, и тоа со создавањето на соодветни центри за управување, постапката за управување со отпадот почнува во дизајнот на отпадот и тоа дали производот ќе создава помалку или повеќе количество отпад.

Ние мораме да поставиме основи за добро управување со отпадот, ако сакаме да стигнеме за одредено време да сме вистинска европска земја, тоа значи да имаме центри во коишто ќе управуваме со отпадот, не да бидат тоа центри во коишто фрламе ѓубре, постапката за управување со отпадот почнува во дизајнот на отпадот, дали овој производ ќе создаде помалку или повеќе количество отпад, во овој момент не ги фаворизираме процесите коишто создаваат помалку отпад туку фаворизираме повеќе производи, не се грижиме толку дали има во ова шишенце поголемо, помало капаче, тоа се механизми со кои државата ќе притисне за да почнеме да создаваме помалку отпад уште во дизајнот на производот“, истакна Димитриевски.

Тој исто така истакна дека треба да се постави систем во којшто ќе се рециклира и реупотребува, бидејќи материјалот е добар за рециклирање само доколку е издвоен од граѓанинот на самиот почеток.

Треба да поставиме систем во којшто ќе биде можна рециклажа, реупотреба во која што ќе биде можна примарно селектирање на производите на лице место, затоа што ова секундарно селектирање за коешто сега се зборува тоа не носи цена на материјалот, материјалот е добар за рециклирање само ако е издвоен од граѓанинот на почетокот на постапката, на фрлање на отпад.

Мора да овозможиме од она што ќе остане од отпадот да се извадат материјали за секундарни суровини за индустријата, за енергија и она микро парче што ќе остане на крајот како неможност од него да се добие додадена вредност, да биде нешто што се депонира, вистински да се депонира во санитарна депонија, којашто е од доле заградена со геотекстил, под неа со глина, нема никакво влијание ни кон локалните почви, ни кон подземните води, има пречистителна станица во случај ако дожд навлезе во неа, да се пречисти водата и почиста од што е реката да влезе во неа, да има систем за вадење на биогас од таа депонија, од биогас да се добива енергија за греење, и за струја за околните места“, истакна Димитриевски.