
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави нов пакет мерки за подобрување на јавниот градски превоз, по состојбата со нефункционалните линии и гужвите низ градот.
Имаме средба со приватните превозници по овој настан. Како што најавив, ќе бидат ставени во функција 60 приватни автобуси дополнително кои ќе го олеснат транспортот на нашите сограѓани. Во ребалансот ќе влезе и БРТ системот – изјави Ѓорѓиевски.
За многу скоро време, нашите сограѓани ќе добијат ефикасен и ефективен јавен транспорт каков што заслужуваат, додаде градоначалникот, потенцирајќи дека модернизацијата на системот е еден од главните приоритети на новата градска администрација.

Македонски







