Skip to main content

ЦУК за пожарот во Вардариште: Далноводите ќе бидат пуштени по санирањето

Денес попладне изби пожар во депонијата Вардариште. Од безбедносни причини исклучени се неколку далноводи поради што без напојување со електрична енергија останаа делови од населбите (или цели населби) Аеродром, Лисиче, Методија Андонов Ченто, индустриската зона, Кванташки пазар, Арачиново, Стајковци, Трубарево и Бунарџик, велат од ЦУК.

Поради обемот на пожарот и опасноста да се прошири надвор од депонијата како помош на БППЗ Скопје се испратени еден БТР, еден хермелин и еден тим на ДЗС. Далноводите ќе бидат пуштени по санирањето на пожарот.

Поврзани вести