Skip to main content

Бујар Османи отвара општинска народна кујна во Топана

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, утрово преку своето редовно лајв обраќање на социјалните мрежи, ја најави иницијативата за отворање на општинска народна кујна во Топана, во партнерство со хуманитарни и невладини организации, финансирана од Општина Чаир, стои во соопштение на ДУИ.

Османи порачал дека вистинското лидерство се мери со тоа колку се грижиме за оние што имаат најмалку, потенцирајќи дека токму Топана, населба позната по своите тешки животни услови, ќе стане симбол на новата општинска политика на човечност и солидарност.

Топана е една од најсиромашните населби во нашата општина. Луѓето таму живеат во навистина тешки услови. Затоа мора да почнеме од најосновното – храната. Ќе отвориме народна кујна за да им помогнеме на семејствата во потреба, а потоа ќе продолжиме со инфраструктурни проекти за кои веќе имаме конкретен план“, изјавил Османи.

Во соопштението на ДУИ се додава дека со оваа најава, Османи уште еднаш покажал оти неговата визија за Чаир не е само политичка програма, туку вистинска мисија за достоинствен живот на секој граѓанин. Во соопштението се додава дека иницијативата за народната кујна е јасен сигнал оти е време за нова ера во Чаир – ера на хуманост, конкретни дела и блискост со народот.

Поврзани вести