Skip to main content

Зошто нема да успее новото „шарено сценарио“? Зашто по првото дојде Заев

Видео кое ја покажува обуката на српската инструкторка за предизвикување немири Сташа Цветковиќ и членови на Левица, протече викендов, откривајќи обид за создавање на вештачка криза со користење на невини жртви и трагедијата којашто се случи во Кочани.

Во скандалозниот разговор Цветковиќ ги советува младите „левичари“ дека потребна е долга криза.

Направете си Е маил за пленум и Инстаграм за локални пленуми.Идејата на пленумот е да ја тргне одговорноста од поединецот.Вашето единствено барање може да биде сите студентски претставници и Собранието да си дадат оставка и да се распишат транспаретни избори како ние што баравме и сега бараме на сите нивоа да се распишат избори. Не морате веднаш да влезете во блокади затоа што тој пленум и таа организација од тој карактер ви служи како корективен фактор да зборувате за тие работи.Пленумот директно го дискредитира Парламентот во смисла дека е тука затоа што Парламентот не си ја работи својата работа. Гледајте и премиерот да не даде оставка и да не се распишат избори бидејќи тоа нема да биде од корист. Целта е да се создава граѓанска непослушност преку синдикатите и унијата на работници. Потребно ви е време и што повеќе влезете во блокади ќе имате време да се занимавате со тие работи, советува меѓу останатото Цветковиќ.

Арно ама, додека во Србија првпат се соочуваат со неколкумесечни протести, Македонија добро памети што значат оркестрираните протести, кои се предводени од странски платеници и домашни предавници.

Иако на парламентарните избори во 2016 година, и покрај огромната помош однадвор и самите протести од таканаречената Шарена револуција, СДСМ и нејзиниот тогашен лидер Зоран Заев ги изгубија изборите. Но, тој дојде на власт по секоја цена. Околу него, како што вети, собра и шуто и рогато, па и предводниците на тие протести, кои добија функции и заборавија на ветувањата пред оние кои наивно ги поддржуваа.

Следуваа најголемите предавства со кои се соочи македонската нација. Промена на името, распродажба на државните интереси, легализација на корупцијата и потполн распад на институциите.

Станавме народ од втор ред во сопствената држава. Нè доведоа во потчинета положба не само во надворешната политика, туку и дома.

И сега истите актери, со истите методи, сакаат нова рунда.

Најскандалозниот момент од протечените видеа со упатства, е секако ова признание – Не е дека имаме сочуство кон жртвите и трагедијата. Не може веднаш во понеделник со протести кога немаме ниту цел. Точно определена цел, реалитична.

Овојпат, Македонија нема да дозволи.

Поврзани вести