Skip to main content

ЗНМ: Неетичко известување од регионални медиуми и странски дописници за погребот на загинатите во Кочани

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), реагираа за неетичкото известувањето на српски, регионални медиуми и претставници на странски дописници за погребот на загинатите во Кочани.

ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица. Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои отстапуваат од протоколот, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини што можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичко новинарство. Новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство, велат од ЗНМ.

Од ЗНМ велат дека ја повикуваат Европската федерација на новинари (ЕФЈ) да им посочи на сите регионални и светски медиски професионалци да ја почитуваат приватноста и достоинството на семејствата на починатите и да не го пренесуваат погребот во живо и да не се објавуваат експлицитни и неприфатливи фотографии.

Поврзани вести