Skip to main content
Одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата

Здружението „РАСТ“ по 12. пат се приклучува на глобалната иницијатива

Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „РАСТ“, денеска, пред Порта Македонија, под мотото „Зборувај гласно“ по дванаесетти пат ќе се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

Во Република Македонија во моментов се лекуваат околу 160 деца со нарушувања на растот со хормон за раст. Овој Светски ден го посветуваме на онаа група на деца кои сѐ уште немаат почнато да се лекуваат со хормонот за раст, поради касно поставена дијагноза и поради што стигнуваат до возраст кога веќе не може да се лекуваат, бидејќи растот е завршен“, стои во соопштението од „РАСТ“.

Според нив, проблемот е во тоа што децата касно се препратени кај специјалист педијатар ендокринолог за подетална анализа и точна дијагноза, додека загриженост за висината вообичаено се случува кога децата веќе ќе бидат во понапредна возраст, односно во повисоките одделенија во основното образование.

Во овој период децата посветуваат големо внимание на сопствениот изглед и соодветно на тоа поставуваат прашања до своите родители и старатели. Кога детето ќе стигне до еднокринолог педијатар и ендокринолог за возрасни, дијагнозата без потешкотии се поставува, но веќе е многу доцна. За поголем дел од нарушувањата на растот за лекување е веќе доцна, затоа што детето е при крај на растот или пак веќе го завршило својот раст“, велат од здружението. 

Поврзани вести