
Алкалоид да му го предаде трофејот на АЕК во името на добрососедските односи и да им се извини.Вака би гласела реакцијата на поранешниот премиер Зоран Заев ако уште беше премиер.

Се сеќавате на Европското првенство во фудбал кога му се испушти зборот македонска репрезентација па се извинуваше .А знаеме колку ја љуби Грција, беше спремен и ќерка му да ја даде за еден остров, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Значи како не зближи договорот на Заев со Грција, свака част. Тоа се виде и на мечот на Алкалоид-АЕК кој требаше да биде празник на ракометот. Ама требаше. Оние на Заев беа решени да не играат бидејќи знаеја дека ќе изгубат убедливо. И затоа се одлучија на српската „мајка бежанија никад није плакала“.
Не сакале да играат ако во салата не се нивните навивачи. Во кој правилник тоа го има? Она што организаторот мора да го направи е да им обезбеди одреден број на билети за гостинските навивачи и тоа е направено.

Колку, колку што ќе проценат дека е безбедно во договор со МВР. Грците тоа добро го знаеле , но мораа да најдат некаков изговор.
Во целава ситуација најсмешна е Европската ракометна федерација.

По два дена чекање излезе со срамно соопштение дека е отворена постапка против двата клуба.
Да, постапка се води и против Алкалоид, така да од ЕХФ можеме сешто да очекуваме па дури и најнеполуларната варијанта, мечот да се преигра на неутрален терен, како што АЕК веќе доби за мечот со Партизан.
Се чини дека најголемата вина на Алкалоид ќе биде тоа што публиката во еден глас ја пееше
„Ја излези Ѓурѓо“ и „Македонија навива за вас“. А тоа за грчките уши не е баш пријатно.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче мора да е киднапиран. Изјавите што ги дава последнава недела гарант се од неговото алтер его.
Можеби Венко е во Македонија, ама Филипче со паметот е во Дубаи. Како поинаку да се протолкува изјавата дека од луѓе слушнал дека во Македонија тешко се живее.
Абе ајде, стварно. Па од Дубаи не можеш да видиш како живее обичниот човек и оти едвај врзува крај со крај, а други одеднаш стануваат инвеститори со златни визи. На концерт на Харис Џиновиќ ич не е скапо. Заради вакви како вас во Македонија тешко се живее.
Филипче сто посто нема слушнато дека во 2023 година во еден ден поскапе целата храна , од брашно, месо, риба, сирење. Од кај да знае, тогаш со Заев возеа мотори по Македонија и Грција.
Уште со цел памет пак бара лидерска средба. За што бе Филипче, за сликање?, коментира авторот на колумната
Македонија и Велика Британија потпишаа Договор за стратешко партнерство . Во следните години ќе влезат пет милијарди евра за патишта, железница, болници, хидроцентрали.
Тоа што најмногу ни треба, а за што реално немаме пари, бидејќи партијата на Филипче го остави буџетот дупка. Да, парите ќе се враќаат, но по поволни услови и ниски кредити, а ќар ќе видиме сите.
И на ова Филипче најде маана. Замислете со цел памет праша дали се знаело потеклото на парите .Ви велам јас дека е киднапиран. Бара потекло на пари обезбедени од Владата на Велика Британија.
Тој мисли дека Британија е исто што и менувачницата на Вицето во Струмица каде Заев бараше едно евро за него едно за црквата. По најповолен курс се разбира.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, и оваа и таа претходната, потпишаа стратешки договори со двете најголемите сили во светот САД и Велика Британија, а СДСМ и ДУИ предавнички договори со Грција и Бугарија во кои дадоа се што можеше да се даде, име, презиме, устав, јазик, историја.Има разлика нели?
По претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ,во Македонија дојде и Високата претставничка за надворешна политика Каја Калас.

Строгата Естонка рече дека немала план Б за Македонија како што имала за Украина бидејќи уште верувала дека планот А ќе се реализира. Планот А за Каја е Македонија без никакви гаранции да ги внесе Бугарите во Устав.
Каја не си го губи времето, како до сега веќе нема. Во Македонија на власт веќе не се Заев, Таче, Бујар кои ви прифаќаа се и сешто, само да ги пофалите дека се големи Европејци.