Skip to main content

Забрана за пиротехнички средства во дискотеки – МВР ќе носи нова регулатива

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе донесе регулатива со која ќе се забрани употребата на пиротехнички и запаливи средства во затворени простории. Оваа одлука доаѓа како дел од мерките за зголемување на безбедноста во ноќните клубови и дискотеките низ државата.

Го задолживме МВР да донесе заклучок или уредба, или соодветен правен документ, со кој ќе се забрани употребата на пиротехнички и запаливи средства во затворен простор. По завршување на инспекцискиот надзор низ целата држава, сите објекти кои останат во функција ќе мора да ги исполнуваат минималните безбедносни и технички стандарди“, изјави Мицкоски во гостување на телевизија Сител.

Тој најави дека контролите ќе бидат спроведени во наредните една до две недели, а веќе од понеделник јавноста ќе има појасна слика за тоа кои објекти ќе продолжат да работат.

Голем дел од сопствениците на локали, свесни дека не ги исполнуваат условите, самите изразуваат подготвеност да не ги отвораат своите објекти“, додаде премиерот.

Владата најавува дека сите идни ноќни клубови и дискотеки ќе мора строго да се придржуваат кон новите безбедносни стандарди, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.



Поврзани вести