
Новиот закон за заштита од пушењето во вторник ќе биде на седница на Влада и потоа ќе биде проследен во Собранието. Министерот за здравство Азир Алиу очекува максимум за месец и пол законот да биде процесуиран.
Сега засега немаме ниту една отворена точка којашто не е завршена. Консултирани се сите заинтересирани страни. Имавме неколку состаноци со сите заинтересирани страни. За сите забелешки седнавме, ги анализиравме и од научна гледна точка и од аспект на економски, инфраструктурни, социјални, здравствени. Можам да кажам дека сите отворени прашања се затворени веќе. Немаме некое прашање поврзано со законот којшто не е третирано и ценам дека многу брзо нашата земја ќе биде препознаена и во Европа и во светот како што сме денеска препознаени со овој фантастичен успех што го имаме во неонаталната екосистем кај деца помали од предвреме родени. Се надевам дека за две години исто така ќе имаме прес-конференција за намалување на пушачите во државата од 45% да се надеваме дека таргетот да се стави под 20%, изјави Алиу денеска, на прес-конфренција во Министерството за здравство.
На новинарско прашање дали има некакви измени од првичното што беше понудено, во однос на законската мерка за адаптација на просторот кај угостителите, Алиу објасни дека според Светската здравствена организација има дефинирани услови коишто треба да имаат чист воздух таму.
И ние направивме научна анализа како може и кои се максималните и минималните услови за да може просторот да се третира како простор за пушење или простор каде што не се дозволува пушење. И дојдовме до заклучок и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни просторот, значи терасите, можат да се дозволат да се пуши, заради тоа што воздухот се движи. Но, од друга страна и од економска гледна точка, знаете дека само во Скопје имаме над 7.000 угостители коишто имаат тераси. Според структурата на градот, посебно во Скопје, поголем дел од тие угостителски објекти се со таква инфраструктура што е невозможно да има три страни отворени. Ние затоа ставивме во законот да може и кровот да биде отворен и да се третира како трета тераса, бидејќи се докажа дека со третирање и на кровот како отворена, воздухот за неколку секунди исто така се чисти. Но една од најголемите инфраструктурни зафати коишто треба да ги имаат сите бизниси коишто се занимаваат со ваков тип на услуги, ќе мора да направат влез во самиот угостителски објект којшто е одвоен од просторот каде што се пуши. Фактички, идејата на законот е да ги штитиме сите граѓани коишто не пушат, а да им одредиме место на граѓаните коишто пушат каде може тоа да се пуши. И со ова јас сум дефинитивно и како министер и како институција многу задоволен што секој наш граѓанин којшто не консумира цигари може да влезе во секој угостителски објект без да има пристап до местото, до просторот каде што се пуши, изјави Алиу.

Македонски


