
Националистички пораки беа кажани на вчерашниот собир на ДУИ во спорскиот комплекс „Борис Трајковски“. Настанот почна со извици „УЧК“ а продолжи со реториката во која се спомнуваа терористички организации и паравоени формации.
Па така Али Ахмети симболично покажа дека орлите се вивнуваат високо, до небото а пак Крешник Бектеши во салата се чувствувал ураганот на орлите.

Највоинствен беше Арбр Адеми кој порача.
О бедни, кучињата не се луѓето што ги измамивте, туку оние кои денес остануваат пред нозете на Мицкоски…