Skip to main content

„Вреди“ вечерва на нов состанок во обид да ги надминат разликите

Претседателот на Алијанса Таравари, кој минатата недела прв проговори на јавна сцена дека имаат внатрешни несогласувања во пресрет на локалните избори, тврди дека во меѓувреме не прекинала комуникацијата со другите лидери и покрај острите тонови кои си ги разменуваат преку медиумите. Според него и последниот став на Биљал Касами дека Алијанса за Албанците нема политичка тежина, е само непромислена изјава.

Во психологијата има еден феномен, кога устата зборува побрзо од мозокот, додека мозокот процесира. Се вика како феномен лапсус лингве и мислам дека господинот Биљал немаше намера лошо да мисли, дека Алијанса за Албанците е нула, туку не ги стави зборовите баш како што треба во реченицата. Се надевам, мислам и сигурен сум дека нема лоши намери и не мисли така како што кажа, туку избрза со еден збор и кажа како што не треба. “Арбен Таравари – Алијанса за Албанците, коалиција Вреди.

Во телевизиско гостување претседателот на БЕСА Касами зборуваше за влијанието кое партиите го имаат во нивната коалиција и што ќе значи евентуалното раситнување.

Коалицијата Вреди е шестцифрен број со една единица и пет нули. Овие пет нули се политичките партии, а единицата е коалицијата. Секоја нула има вредност само ако е после бројот 1. / Ако тој (Таравари) се повлече, тогаш е нула, бидејќи нула беше и пред да дојде во Вреди. “Биљал Касами – БЕСА, коалиција Вреди.

Каков епилог ќе имаат несогласувањата во Вреди останува непознато. Конечна одлука за спојување на четирите партии во една се уште нема, а не се знае ниту крајната одлука на Таравари за настап на локалните избори. Тој уверува дека нема преговори за соработка со ДУИ, но сепак коалициските партнери јавно му порачаа да избере – или ДУИ или Вреди.

Поврзани вести