
Одлуката на Уставниот суд го потврдува она што ние во ВРЕДИ го кажуваме долго време: последниот попис на населението, предводен од тогашната влада на ДУИ-СДСМ, беше една од најштетните и навредливи акции за албанската дијаспора!“, реагираат од ВРЕДИ.
Како што истакнуваат од партијата, претходната влада, преку Заводот за статистика и во целосна координација со политичките структури на ДУИ, ги создаде категориите „резидентно население“ и „нерезидентно население“, третирајќи ги нашите иселеници како граѓани од втор ред.
Од ВРЕДИ велат дека тоа било намерен политички чин за минимизирање на вистинската тежина на Албанците во државата.
Ова беше обид да се поништи придонесот и политичката тежина на албанската дијаспора, за ситни партиски интереси. Во очаен обид да ги измијат рацете од одговорност, ДУИ праќа свој пратеник за да ја брани неправдата што ѝ ја нанесе на албанската дијаспора, со разработени, но празни аргументи.
Ние во ВРЕДИ јасно го кажуваме: штетата е направена, но ќе ја исправиме секаде каде што е можно! Одлуката на Уставниот суд е победа за правото, победа за албанската дијаспора и доказ дека државата не може да се однесува арогантно кон своите граѓани.
ВРЕДИ е посветена на воспоставување на достоинството на албанската дијаспора, целосно вклучување во политичкиот и институционалниот живот и исправување на секоја неправда наследена од минатите влади“, се вели во реакцијата на ВРЕДИ.