
Дали СДСМ е од Бихаќка или од Горњи Милановац. Ови из Бихаќке су продали веру за вечеру. Малу су се љутили па су се заканули на другарици Славјанку и другару Шему. Или ви или странку-бирајте другови. Овие од СДСМ од што се неспособни не знаат ни едно соопштение да преведат .
Откако пред една недела за Обвинителство напишаа тужилаштво, сега имаат нов бисер и се вика Продали веру за вечеру. Господе боже те има ли. Оваа политичка кованица која е преведена од српски никогаш не се употребува во македонскиот говор и означува некој што се одрекол од својата вера или минато за една вечера, односно од корист. Вук Караџиќ се превртува во гроб а Блаже Конески бара лектор, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Следното соопштение на СДСМ очекуваме да почне со „Помаже Бог, другови “.
Раководството на СДСМ е во паника откака се појави нова иницијатива наречена „Разговори за Македонија“ од незадовлни членови на партијата меѓу кои има поранешни пратеници, сегашни пратеници, министри. Тие бараат реформи во СДСМ и заминување на лидерот Венко Филипче. Скопското крило против сељачкото од Струмица. Кај едните е паметот кај другите кешот. Засега води кешот. Паметот сè уште чека ВАР-проверка.
Дали ќе биде како онаа бугарската.. тоа што не може да се купи сос пари, може сос многу пари или пак пак ќе биде ум царува ум дарува.
Што би рекле оние полиглотине од Центарот за комуникации од СДСМ ко другоме јаму копа сам у њу упада.
Овие незадоволниве за Филипче рекоа дека можеби е добар доктор ама за политика е тапа и треба да се повлече. Со други зборови, знае да стави инфузија, ама не знае да оживее партија која е пред клиничка смрт.
Што е право право е. Ама кај докторот суетата е голема колку зградите во Дубаи па најави дека ќе дискутираат за санкции за Славјанка која е актуелен пратеник. Не би ме чудело да ја исклучат по кратка постапка, како преки суд на времето за да покажат кој коси кој вода носи. Жалба нема. Само известување дека се самоисклучиле од љубов кон партијата . Во СДСМ дисциплинската е единствената реформа што функционира.
Откако не успеаја да ги исклучат од партија Јован Деспотовски и Петре Шилегов сега ќе се изживуваат врз Славјанка која имаше храброст да излезе јавно и да каже што мисли за состојбите во партијата. Наместо да си ја чукнат главата до кое дереџе ја донесоа партијата Венко и компанија етикетираат дека ова фракцијава била ЗНАМ 2.0, па ги контролирал Мицкоски.

„Со СДСМ е лесно. Ако не мислиш исто како претседателот, автоматски стануваш човек на Мицкоски. Слаб СДСМ е добар за ВМРО-ДПМНЕ ама лош за Македонија. Ако продолжат вака ќе бидат на нивото на оние парити чии рејтинг е на ниво на статистичка грешка. Ако не им е јасно нека ги видат резултатите од последната анкета. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 3-1 а помеѓу Мицкоски и Филипче 5-1. Преведено во бројки ова значи дека СДСМ на изборите не може да се надева на повеќе од 10 пратеници и максимум 100.000 гласови.
Ете затоа на Бихаќка не сакаат избори и договор за изборниот законик. Во разговорите за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда за ЕУ, а нели во СДСМ полна им е устата со ЕУ се интересираат само за парите, односно колку кеш ќе добијат. За друго им е гајле, си знааат они дека ќе изгубат, ама пари се пари. Демократијата може да почека, буџетот не.
Или пак за дијаспората. Не сакале дијаспората да гласа електронски за да немало нерегуларности иако тоа треба да важи дури за претседателските избори во 2029 година. Па нели Филипче викаше дека на следните парламентарни избори ќе победат, зошто се плашат. Ваљда не мислат сами себе да се крадат кога тие ќе ја имаат контролата врз изборите.
Нема врска. Во СДСМ добро знаат дека никој нормален меѓу иселениците не би гласал за нив па затоа не сакаат да слушнат за елетронско гласање. Во СДСМ се плашат од електронско гласање како како што баба се плаши од мобилно банкарство.Изгледа интернетот е опасен само кога гласа дијаспората
Заев, ваков, таков, без многу памет убаво си кажа на времето кој е нивниот проблем „нема шанси да им дадеме 3-0 од старт на ВМРО-ДПМНЕ. Сега Филипче сака службено да ги добие иселениците. Мало сутра што би рекол Зоки.
На локалитетот Градиште кај Битола пронајдени се антички монети од времето на Филип Втори . Можеме само да си замислуваме што ќе се случеше ако вакви пронајдци беа откриени во времето на СДСМ на Заев и Димтров. По кратка постапка ќе беа испратени во Грција и уште ќе им се извиневме. Во името на добрососедството, се разбира.

Македонски



