Skip to main content

Во Прилеп до 9 часот гласале 3,46 проценти од избирачите

Непречено се одвива изборниот процес во Прилеп и во општините во регионот – Крушево, Долнени и Кривогаштани, информираат од општинските изборни комисии.

До 9 часот во Прилеп на гласање излегле 3,46 проценти од запишаните 62.053 граѓани со право на глас. Во Крушево до 9 часот гласале 4,89 проценти, во Долнени 2,8, а во општина Кривогаштани, своето право на глас до 9 часот го оствариле 3 проценти од избирачите.

Во Прилеп денеска се гласа за еден од деветте кандидати за градоначалници и за една од 11-те советнички листи. 

Поврзани вести