Skip to main content

Во Клиниката за хируршки болести хоспитализирани се четворица пациенти од пожарот во Кочани, од кои тројца се пуштени на викенд

Printscreen

Во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ моментално се хоспитализирани четворица пациенти од пожарот во Кочани, од кои само една пациентка е сѐ уште присутна во болницата, додека тројца се пуштени на викенд, информираше денеска директорот на Клиниката Небојша Настов.

Истакна дека нивната состојба е максимално подобрена и веќе на почетокот од следната недела се очекува тројцата пациенти да бидат испишани од болницата.

Во Клиниката во моментов формално се хоспитализирани четири пациенти, од кои само една пациентка е сѐ уште присутна во болницата, додека тројца се пуштени на викенд, што значи дека нивната состојба е максимално подобрена. Се планира испуст дефинитивно за тие тројца пациенти, некаде почетокот на следната недела – посочи Настов.

Во текот на вчерашниот ден, додаде, вратена е уште една пациентка од Белград која што по направените лабораториски анализи и прегледи денеска била испратена дома.

Најголем број или 99 отсто од оние кои што се вратија се испишани за дома со закажани редовни контроли, само една пациентка која што беше вратена од Србија се уште е во болницата и ќе има потреба да продолжи нејзиниот престој. Сите имаа изгореници од различен обем не можам да кажам конкретно, бидејќи сите имаат различни проценти на изгореници. Најголем дел од нив имаа т.н. инхалациони повреди, така што по средувањето на состојбата во однос на инхалационите повреди во онаа фаза во кое што е стигнато лекувањето во странство се правеа контроли и се пуштаа на домашно лекување – рече Настов.