Skip to main content
Една недела од изборната кампања за Локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село, Василево, Босилово, Радовиш во Струмица, СДСМ во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево

Изборните активности на учесниците на Локалните избори 2025 продолжуваат и денеска, неработен ден за граѓаните, но активен за кандидатите за советници и градоначалници во 80 општини во државава. И седмиот ден од кампањата за изборите на 19 октомври како во делник, митинзи и средби со граѓани во повеќе делови од земјата. 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи на кои ќе ги претстави кандидатите за градоначалници и советници во Ново Село, Василево, Босилово, Радовиш во Струмица. 

СДСМ попладнево и вечер е во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје предложен од Левица, Амар Мециновиќ, ќе има средба со жителите на Карпош, кај Сити Мол.

Кампањата за локалните избори завршува на 17 октомври на полноќ, по што настапува 24-часовен молк пред изборите на 19 октомври. 

Поврзани вести