Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол СДС и Филипче што не се оградуваат од него?

Венко Филипче и СДС неколку молчат и не се оградуваат од криминалецот Филип Андов Сокол кој ги расшетуваше затворениците со државни ресурси. Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не го разрешува членот на ЦО и советник на Заев криминалецот Сокол, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол, СДС и Филипче што не се оградуваат од него?“

Дали Филипче и СДС го поддржуваат Сокол и штитат криминалци? Од што се плаши Филипче па молчи? Народот гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса. Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ. Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести