Skip to main content

Концерт на „Танец“ за незаборав: „Вечното ехо на Бадев“ ги оживува безвременските македонски мелодии

Музичко патување исполнето со емоции, традиција и длабока почит кон македонскиот музички идентитет ја очекува публиката на претстојниот концерт со наслов „Вечното ехо на Бадев“.

Овој посебен музички настап е посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна-Никола Бадев. Неговите песни, кои децении го пренесуваат духот на македонскиот народ, оваа вечер ќе заживеат преку современи и автентични интерпретации, потсетувајќи не зашто неговиот глас останува вечно врежан во нашата културна меморија.

На сцената ќе настапат хорот  и солистите на ансамбл „Танец“ и врвни домашни музички и вокални изведувач, придружувани од оркестарот на ансамбл „Танец“, ќе ги изведат најпознатите бисери од неговиот богат опус.

Датум: 16.10.2026 година

Локација: Македонски народен театар

Време: 19:30 часот

Влезници: kupikarta.com 

Ги покануваме сите љубители на изворната македонска песна и почитувачи на ликот на Никола Бадев да бидат дел од оваа незаборавна вечер и заедно да го зачуваме ехото што трае со генерации.

Бидете дел од традицијата што живее!

Поврзани вести