
СДСМ мора да сфати дека веќе ништо не е како порано, сега се е јавно и транспарентно и ништо не се крие од јавноста, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно ни е дека СДС мисли дека нашиот начин на водење на држава е погрешен, бидејќи тие се научени на криминал, корупција и неспособност, а ВМРО-ДПМНЕ е сосема спротивното од тоа.
Ние нема да владееме со тендери во 4 очи, местење набавки за браќа, братучеди или блиски лица до структурите, ние нема да бараме 20% од анекси на договори, нема да даваме пасоши на белосветски криминалци, нема да шетаат криминалци по улиците, туку јавно, транспарентно и чесно работиме, како што работиме веќе една година.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, една година ги гради темелите на промените, бидејќи оние темели што ги имавме изградено, СДС за 7 години успеа скроз да ги урне и затоа сега одново ја градиме државата.
СДС и денес, продолжува со обвинувања, но народот е свесен дека овие лаги и манипулации од страна на СДС паѓаат во вода.
Народот ја препознава чесната работа на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ. Доаѓа времето на Македонија – ги градиме темелите на промените!