Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Длабоко го почитуваме тоа што го кажува СДС и уверуваме дека сите аспекти од кажаното ги имаме предвид

 Во овие моменти на длабока тага, кога Македонија тагува за изгубените животи, не ни паѓа на памет да се впуштаме во политички препукувања, соопшти вечерва ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не е битка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, туку битка на чесните против нечесните, на одговорноста против неодговорноста.  Длабоко го почитуваме тоа што го кажува СДС и уверуваме дека сите аспекти од кажаното ги имаме во предвид при нашите одлуки и дејствувања. Институциите работат со целосна посветеност на расветлување на сите околности, а секој што има одговорност, без разлика на политичка или друга припадност, ќе одговара. Жалиме ако се стекнал впечаток на меѓупартиско препукување, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивниот фокус, како што посочуваат, е исклучиво на вистината, на одговорноста и на правдата за жртвите и нивните семејства.

Ова не е време за политички калкулации, туку за единство, солидарност и решеност да ја надминеме оваа трагедија со достоинство. Македонија мора да остане силна и да победи во оваа битка против тридецениски создаваниот зол и корумпиран систем, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести