Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството, прошка од народот нема да има

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изнесените ставови на Венко Филипче:

„Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите и дојде на позициите на ВМРО-ДПМНЕ.

Добро е што Филипче и СДС признаваат дека проблемот со Бугарија не е само внесувањето на Бугари во Устав, дека проблемот е подлабок и дека ги опфаќа и идентитетските национални обележја.

Исто така, добро е што СДС и Филипче прифаќаат дека засегнат е и македонскиот јазик, за кој постојано ја убедуваа македонската јавност дека го заштитиле согласно нивните предавнички договори кои ги прифатија и потпишаа.

Но има работи кои македонската јавност нема ниту да му заборави, ниту да му ги прости.

Откако СДС, на чело со менторот на Филипче, Зоран Заев во чијашто влада беше и самиот Венко, распродаде се што е национално македонско и Македонија ја продаваа како невеста која богато ќе ја омажат, доцна им е за каење и за ископување на гревовите.

Задоцнети и бледи се ваквите обиди на СДС и Венко Филипче за нивните предавства, народот ќе ги памети како најголемите предавници во историјата на државата и истите ќе завршат во темните историски страници.

Сега Македонија има Влада која ги брани националните интереси и нема ни милиметар да се помести од позициите за одбрана на идентитетот, историјата, културата, јазикот.

На чело на државата сега е Влада која ги брани, зацврстува и ги провира националните идентитетски обележја.

Влада која работи во интерес на државата и граѓаните, која со напорен труд ја развива во сите пори на општественото живеење и која работи на нејзина евроинтеграција на достоинствен начин со заштитени национални обележја.“

Поврзани вести