
Акцијата против криминалот, не е против Албанците, туку против криминалците и жртвите на криминалците меѓу кои се и Албанците.
ДУИ сега самите и со изјава се идентификуваат со криминалните кланови во државава.
На сите им беше јасно под чија заштита се тие кои дилаа дрога на нашите деца и убиваа и рекетираа по локалите низ Скопје и други градови, сите знаеја кој на кого дава лихва и зошто плаќа рекет, и сите знаеја дека ДУИ стои зад тие банди.
Сега ДУИ и јавно призна. И добро е Албанските и сите други граѓани да увидат за што се залага ДУИ. Затоа што од тие банди страдаа Албанци.
Страдаше мирот стабилноста. Страдаа деца Албанци Македонци и останати.
Монструмот во кој ДУИ се претвори се појасно се открива и гледа, и сакаме да му порачаме на ДУИ, Македонија ќе победи!
Албанците и Македонците заедно сложно ќе ги победат криминалците од ДУИ врзани со бандите и нарко клановите.