
ВЛЕН ќе го одржи својот прв конгрес на 9 мај, на Денот на Европа, кога ќе ја официјализира трансформацијата во политичка партија. Ова го најави градоначалникот на скопската општина Чаир и лидер на Демократското движење, дел од владејачката коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.
Меџити посочи дека изборот на датумот има симболично значење и ја одразува определбата на коалицијата кон европските вредности и интегративните процеси.
Според најавите, новиот политички субјект ќе биде позициониран како десничарска партија и ќе функционира со модел на заедничко раководење, со двајца копретседатели – Билал Касами и Изет Меџити.
Идеолошки ќе бидеме ориентирани центар-десно. Сега се работи на операционализирање на новата платформа“, рече тој.
Со одржувањето на конгресот, ВЛЕН треба да го заокружи процесот на политичко консолидирање и да го дефинира своето понатамошно дејствување на политичката сцена.

Македонски


