
Премиерот Христијан Мицкоси изјави дека државава нема какви било предизвици во ланецот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот, потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места.
Доколку се случи таков предизвик, рече денеска Мицкоски, тогаш навремено ќе се „препакуваме“ и ќе подготвиме нова стратегија.
Состојбата со нафтата и нафетните деривати – дизел горивата, безоловните бензини, керозинот,… се во исклучително добра состојба. Како држава во овој момент не гледаме какви било предизвици во ланецот на снабдување. Во постојана координација сме со снабдувачите. Од тој аспект не гледаме опасност и за нашите граѓаните и за бизнисите. Има доволно количини во државните резерви, но и во цевководот што го поврзува Солунското пристаниште со рафинеријата ОКТА, што е веќе функционале и оперативен – изјави Мицкоски, по поставување камен темелник за доградба на ООУ„Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров.
Не само што имаме доволно количини за нашите граѓани и бизниси, посочи премиерот, туку зголемена е и потрошувачката, во одредени денови и за 30 проценти, поради тоа што голем од граѓаните од соседните држави доаѓаат кај нас и точат гориво. Притисокот е најголем на северната, јужната и западната граница затоа што кај нас се убидливо најевтини и дизелот и безоловните горива, рече Мицкоски, посочувајќи дека цената на дизел горивото кај нас е пониска за над 0,6 евра по литар во однос на таа кај нашиот јужен сосед, а во однос на таа во Србија за 0,3 евра по литар.
Исто така, со керозинот што го извезуваме, неколку аеродроми добиваат керозин како што е Приштинскиот и некои други. Така што, во овој момент факт број еден е дека граѓаните кај нас користат најевтини горива во регионот и факт број два имаме доволно количини и сега засега не гледаме никаков предизвик поврзан со недостаток. Доколку се случи таков предизвик тогаш навремено ќе се препакуваме и ќе спремиме нова стратегија – изјави Мицкоски.
Прашан дали се размислува за ограничување на точење гориво во пограничните места, повтори дека засега сме стабилни и оти не гледа предизвици од аспект на недостаток на горива

Македонски


