Skip to main content
Христијан Мицкоски на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Ресен

Верувам дека вистинските промени не доаѓаат како молња , туку како изгрејсонце, тивко но неизбежно

Јас сум апсолутно свесен за тежината на очекувањата, свесен сум за наследените проблеми и разочарувања. Знам дека се уште се живее тешко, но исто така верувам дека вистинските промени не доаѓаат како молња , туку како изгрејсонце, тивко но неизбежно, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Прво зрак, па светлина, па ден. И тој ден ќе биде наш. Тоа е влог за твојата улица, твојата градина, твоето училиште, твојот парк… тоа е избор дали ќе останеме исправени и ќе одиме напред или ќе дозволиме повторно да не вратат назад, таму каде што надежта се губеше, а довербата се рушеше.

Секој ваш глас, секоја ваша борба, секој твој ден е дел од големата приказна што сите заедно ја пишуваме за нашата татковина Македонија, затоа ве повикувам да дадеме поддршка за уште еден мандат за актуелниот градоначалник на Ресен, Јован Тозиевски и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата!

Поврзани вести