
Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, јави МИА.
Студентите првично ќе им доделат медали на оние кои пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, потоа ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и во исто време – ќе собираат пари за помош на семејствата на повредените во пожарот во Македонија.
Според неформалната група студенти во Ниш, најпрвин ќе им оддадат почит на жртвите во Нови Сад со 15-минутно молчење од 11:52 до 12:07 часот.
При посетата на изложбата, студентите напоменуваат дека тогаш ќе собираат парична помош за семејствата на повредените во пожарот во Кочани, а ќе биде поставена и кутија за донации. Тие упатија повик до сите граѓани кои ќе дојдат да донираат барем симболична сума која ќе биде проследена до семејствата на повредените во пожарот во Кочани.
Трагедијата во Кочани, ја потресе целата македонска јавност, велат од Уни Банка. Тоа наметнува потреба од единство, солидарност и несебична помош од секого. Помошта е неопходна и од компаниите во нашата земја, кои треба да покажат сочувство и да дадат поддршка, брзо и во нешта кои се навистина потребни. Позитивен пример за сите е УНИБанка која даде помош во болнички материјали за повеќе болници низ земјава. Оригиналната порака ја пренесуваме од фејсбук постот на оваа општетсвено одговорна институција….се надеваме сите ќе го следат овој пример.
Сочувствувајќи со семејствата на жртвите и сите граѓани на Македонија погодени од трагичниот пожар што се случи, компанијата MaxBet изразува длабоко жалење за оваа несреќа и изразува искрено сочувство до сите кои ги загубија своите најблиски. Во духот на солидарноста и поддршката, MaxBet донира 20.000 евра на банкарска сметка отворена од Црвениот крст на Србија, наменета за помош на семејствата кои претрпеа непоправлива загуба, јави МИА.
„Како дел од заедницата, веруваме дека е важно да покажеме блискост и солидарност во моменти на голема тага и предизвик. Оваа донација е израз на нашата искрена желба да ги поддржиме семејствата кои минуваат низ исклучително тежок период и да придонесеме, барем симболично, во напорите да им се обезбеди помош што им е најпотребна сега. „Веруваме дека токму во вакви моменти е најважна моќта на заедништвото“, рече Саво Бакмаз, извршен директор на MaxBet, пренсоа белградски медиуми.
Со таа донација MaxBet сака да поттикне други компании, организации и поединци да се приклучат на хуманитарната акција и според нивните можности да им пружат помош на погодените од оваа трагедија.
Во овие тешки времиња, ја изразуваме својата солидарност со сите погодени од трагедијата, соопштија од Халк банка.
Со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, даваме поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани…
А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти.
Учениците и вработените во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ испратија донација за Клиничкиот центар во Скопје каде што се хоспитализирани настраданите средношколци од Кочани, а исто така, и донација во Брзата помош во Кочани.
Донацијата се состои од медицински материјали (физиолошки раствор, алкохол, спрејови за изгореници, тупфери, стерилни гази, завои, анестетици, бетадин, средства за дезинфекција, влажни марамчиња, ампули, памук и сл.), како и ќебиња, јоргани, перници, пижами и пешкири за потребите на центрите каде што се згрижени пациентите, информираат од училиштето.
Со оваа донација, велат, се надеваат дека барем малку ќе помогнат на настраданите во несреќата на кои им посакуваат што побрзо закрепнување.