Skip to main content
Кој е Срѓа Поповиќ од Канвас

Творецот на шарените револуции низ светот ги поддржа „шарените“ во Македонија кои се повторно активни

Името на Срѓа Поповиќ од организацијата Канвас беше многу актуелно за време на шарената револуција во 2016 во Македонија. Toj e творецот на изумот наречен „Шарена или обоена револуција“ насекаде во светот. Овој изум Срѓа добро го продава во арапските земји, Украина, како на Балканот. За ова тој напиша и книга која ја нарече „Мустра за револуција“.

Генералата проба му беше проектот „Отпор“ во Србија кога го рушеа Слободан Милошевиќ. Потоа својот „изум“ го реализираше во Тунис и Египет, па во Украина со Мајдан и потоа во Македонија.

Откако го донесоа Заев на власт Поповиќ не ги коментираше случувањата во Македонија, се до вчера кога ги поддржа протестите по пожарот во Кочани.

Неговата поддршка беше повод да се активираат некогашните шарени „револуционери“ како Венко Крстевски од Советот на Општина Кочани, потоа Стојан Рашков, некогашен член на социјалдемократската младина во Кочани.

Тука е и Сања Боризовска, попозната како „вие, вие господине Заев“. Сања вчера сосема спонтано се појави на протестот барајќи правда.

Премногу случајности не може да бидат случајни.

Поврзани вести