Skip to main content

Синот на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро осуден заради лобирање во САД

Бразилскиот суд го осуди Едуардо Болсонаро, син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, заради лобирање кај американските власти во периодот додека траел судскиот процес покренат против неговиот татко.

Според обвинението, Едуардо Болсонаро (41) минатата година лобирал во САД да му помогнат на поранешниот претседател во судскиот процес, со воведување царини или санкции против Бразил.

Поранешниот бразилски конгресмен се пресели во САД во 2025 година, пред неговиот татко да биде прогласен виновен за планирање воен удар и осуден на 27 години затвор.

Врховниот суд на Бразил го осуди Едуардо Болсонаро во отсуство на четири години и два месеци затвор.

Едуардо Болсонаро ја нарече пресудата „неоснована и бесмислена“, со тврдење дека воопшто не добил формална судска покана, туку за случајот дознал преку медиумите. (МИА)