Skip to main content

Јелена Розга се враќа таму каде што минатото лето создаде магија – повторно на Античкиот театар во Охрид

По вечерта која многумина ја паметат како еден од најубавите музички настани минатото лето, Јелена Розга повторно доаѓа во Охрид. На 29 јули 2026 година, со почеток во 21 часот, популарната регионална ѕвезда ќе настапи на сцената на Античкиот театар, носејќи нова концертна приказна исполнета со емоции, музика и незаборавна атмосфера.

Минатогодишниот концерт на Јелена Розга на Античкиот театар беше меѓу најпосетените музички настани во Охрид во последните години. Со рекордна посетеност и атмосфера за која долго се зборуваше, многумина го прогласија за концерт на летото, а интересот беше толку голем што се бараше билет повеќе.

Минатогодишниот концерт во Охрид беше еден од најубавите во мојата кариера. Атмосферата на Античкиот театар е нешто што навистина не се заборава, а енергијата што ми ја даде публиката беше неверојатна. Кога ќе доживеете таква вечер, едноставно посакувате повторно да се вратите. Затоа со голема радост доаѓам во Охрид и едвај чекам повторно да пееме заедно и да создадеме нови спомени“, вели Јелена Розга.

Овој концерт доаѓа во особено значајна година за пејачката, која одбележува 30 години успешна музичка кариера – јубилеј што го прославува заедно со својата публика низ регионот.

Во организација на Евентум продукција, концертот на 29 јули најавува уште една спектакуларна летна ноќ под охридското небо, во амбиент кој одново ќе ги спои музиката, емоциите и магијата на едно од најубавите концертни места во регионот.

Поврзани вести